Некој ѝ раскажува на Радха за Кришна додека двајцата се разделени. Неговите блиски со голема умешност Му подготвуваат различни јадења од млеко. Тој ги јаде без радост и испушта топли воздишки.
Блиските купуваат кисело млеко и други млечни јадења од продавачите крај Радхиното село. Кога Му ја носат таа храна, Кришна ја јаде со радост.
