Кога чул што се случило, Баларама тргнал да Го пречека помладиот брат. Го прегрнал, Му ја помирисал главата и седнал со Него да разговара. Баларама ги примил извонредните украси што Кришна претходно побарал да ги чуваат за Него. На Кришна Му било незгодно така накитен да застане пред постарите, па Баларама полека Го повел кон нив. Нанда, откако го доверил молзењето на луѓето што се грижеле за него, седнал до кравите со роднините да чуе што станало.
Со согласност на Кришна, Шридама и момчињата му ги покажале на Нанда свечениот чадор и другите предмети. Кога Нанда ги прашал што точно се случило, Шридама одговорил дека биле далеку, собирајќи ги кравите. Не виделе сè од почеток, рекол, но самите дарови сведочат за настанот. Неколку мига момчињата молчеле кога го виделе смирениот Кришна. Потоа Мадхумангала се насмеал и раскажал дека видел крава што зборува, човек со илјада очи што се поклонува, бел слон што носи небесна вода и две божества со пет и четири лица што пеат пофалби додека го облеваат синот на Нанда.
Додека Нанда се прашувал кој благословен обред да го приредат и самите, од небото се чул глас. Како што ние го облеавме твојот син со името Говинда, му рекол гласот, така и вие со благослови почестете Го како млад наследник. Постарите од Враџа се посоветувале, повикале музичари и учител да изговори благослови, и приредиле свеченост со дарови.
Жените предводени од Јашода доаѓале во големи групи, со светкави светилки во рацете. Го поздравиле Кришна со светлина и принесување скапоцености, па грижливо Го одвеле дома, како да ја водат самата олицетворена љубов. Раскажувачот му рекол на Нанда дека неговиот син, како заштитник на кравите, им донел среќа на кравите, на земјата и на небесните простори.
