Јашода се насмеала и го повикала Кришна да ѝ ја каже вистината. Со насолзени очи Тој ѝ одговорил дека садот се скршил кога таа брзо истрчала и го удрила со украсот на ногата. Тврдел дека мајмунот дошол сам да краде, па Тој го оддалечил така што го намачкал со путер. Кога ја видел со стапчето, рекол, се исплашил и побегнал како крадец. Таа Го бркала иако веќе бил исплашен.
Јашода Му рекла дека добро знае да најде објаснување за сè. Го нарекла пријател на мајмуните, со однесување налик на нивното. Кришна ѝ одговорил дека тогаш ќе отиде да живее во шумата. Таа се загрижила дека навистина може да го стори тоа. Сама, мислела, тешко ќе може да внимава и на куќата и на детето. Му рекла дека ќе Го задржи врзан додека се врати да се погрижи за куќата.
Кога таа се приготвила, Кришна заплакал и гласно ја повикал Рохини. Ја прашувал каде отишла со брат Му и ја молел брзо да дојде, зашто сега, без неа, Јашода сакала да Го врзе. Рохини била предалеку да Го чуе. Сосетките што порано се жалеле за Неговите лудории слушнале една од друга. Се собрале околу нив и се насмеале, како да ја потсетуваат Јашода дека и во нејзината куќа дошол редот за истите лудории.
