Шридама, Судама, Васудама и другарите седеле малку настрана за да внимаваат на стадото. Седеле како членови на владетелски собир. Кришна, Баларама, Субала и Арџуна им дошле како да се дружина патувачки танчари и ги поздравиле со благослови. Од каде доаѓате, ги прашале момчињата, толку чудесни танчари какви што сте? Дојдовме оддалеку, одговориле тие. Најпрво славата за вас ни ги разигра мислите, па посакавме и со телата да танцуваме пред вас. Никаде не можеме да се задржиме долго. Сега и очите ни се радуваат како што веќе ни се радуваа ушите.
Кришна им рекол на Своите другари дека ушите им биле вистински учители. Од нив разбрале за доблестите на овој собир. На мислата ѝ должеле благодарност што ги насочила натаму, а на нозете што ги довеле по патот на желбата. Очите конечно ја вкусувале радоста за која чуле. Мирисот и допирот на ветрето им давале уште повеќе радост. Добрата среќа им била таква што ги обземала и внатре и надвор.
За дарежливиот владетел рече дека самото име му ја покажува славата. За учесниците, продолжил, ни Упанишадите не би успеале да ја кажат сета нивна величина. Ги примиле момчињата под својата сенка и ги наситувале со погледите, како со дожд од нектар. Погледнете како им се движат очите, рекол Кришна. Дури и со очите нè подучуваат во танцот. Затоа, со желба да ви служиме со умешноста, баравме прилика да дојдеме.
