На почетокот на вечерта, Кришна се искачил на верандата од Својот павилјон за починка. На обете страни Му се приближиле младите меѓу Неговите најблиски служители и служителки. Кришна ја разгледал неспоредливата убавина на Својот дом, исполнета со нежност. Му се видела достојна за Неговите лили.
Се задржал таму за миг, па ја примил свежата облека што придружниците Му ја подготвиле за починка. Лицето и лотосовите стапала Му биле оросени со вода. Потоа влегол во одајата, а скапоцените камења на Неговите сандали светкале при секој чекор.
