„Мила“, ѝ рече Кришна на Радха. „На кого му се обрати со тој сладок збор?“ праша таа. „Тебе“, ѝ одговори Тој.
„Разбирам“, рече Радха. „Дали ме нарече така поради мојата убавина или затоа што сум Ти драга?“ „Мислев на двете“, одговори Кришна.
„Не, не, не. Грешиш. Јас не сум таа.“ „Која е таа?“ праша Тој. „Онаа што е во Твоето срце.“ „Само ти си секогаш во Моето срце“, ѝ одговори Кришна.
