Вишванатха Чакраварти го препознава Мадхумангала во пријателот кому Кришна му се обраќа во Дварака.
„Колку големи свечености на радоста доаѓаат во Дварака, колку си одат, а колку остануваат, како самата радост да добила облик!“
„Во редицата дворци украсени со скапоцености си играв безгрижно со жени скапоцени како драгули. Ех, пријателе Мој, поминаа деновите кога си играв во Враџа.“
Кави Карнапура во изразот за дворците чита упатување на 16.108 дворци. Во последните зборови ја слуша тежината на споменот: деновите во Враџа поминале и нема да се вратат.
