Кришна ја оставил својата жолта облека по грешка. Како што објаснува Вишванатха Чакраварти, Кришна дошол да ја смири гопијата во сино платно од нејзината соперничка.
„Веќе носиш сина облека, Кришна. Зошто тогаш не го земеш и плугот в рака?“ прашува гопијата. „Така луѓето ќе видат по Твојот изглед колку си му приврзан на својот постар брат.“
Постариот брат на Кришна е Баладева. Кави Карнапура ја дава досетката и во верзија во која гопијата го споменува толчникот на Баладева наместо плугот.
