Вишванатха Чакраварти го чита стихот како разговор со Субала. Кришна е вознемирен од разделбата со Радха. „Го насликав нејзиното лице за да најдам спокој барем за миг“, вели Тој.
„Веднаш ми стана како лотос. Потоа како полна месечина без дамка. Тогаш ми беше како круг исполнет со нектарот на радоста. Ах, тешко мене, потоа стана како отров. А што стана потоа, пријателе, не можам да си спомнам.“
Според Вишванатха, сликата првин Му дала радост како да гледа лотос. Но потоа толку посакал да ја види Радха пред Себе што сликата почнала да Го пече како отров. Толкувачот во последните зборови на Кришна препознава несвестица од болката на разделбата.
