Две или три сакхии ја накитуваа Радха. Таа си го гледаше лицето во огледалото што ѝ го држеше една придружничка.
Уште наполу накитена, Радха стана и погледна на сите страни. Го здогледа својот љубен Кришна токму кога Тој ненадејно пристигна.
Со тој поглед, раскажува Карнапура, украсувањето на Радха беше довршено.
