„На каква флејта свиреше во Враџа?“ праша Рукмини.
Штом го слушна прашањето, Кришна се сети на разиграните случки во Враџа. Додека Му се враќаа спомените, за миг остана неподвижен.
Кожата Му се наежи од радост, а во очите Му навреа солзи од тага. Се обиде да ги прикрие и се прибра. Тогаш повторно Го обзеде силен копнеж.
