Кришна се приближува до стапалата на Радха и долго ја моли, сè додека таа полека не се смилостиви. Тој ѝ вели дека грешката Му била одглумена, па повторно се осмелува. Радха ја наведнува главата, Му упатува краток поглед со насмевка и се поклонува со споени дланки кренати до челото.
Во втората глетка една сакхија ги пренесува зборовите на Ванамали. „Мила на мојот живот, биди благонаклона. По игра на судбината згрешив. Прости ми.“ Таа ги слуша зборовите на саканиот, одмавнува со главата, се насмевнува и Му се поклонува со споени дланки.
Во третата глетка Кришна ја гледа саканата како оддалеку со прстите си го спушта превезот. Кога Тој се приближува, таа ги спојува дланките. Кога Кришна ѝ се обраќа со прашање, таа го наведнува лотосовото лице, а при Неговиот допир затреперува. Кришна се прашува дали е благонаклона или Му се противи.
