На едно место карпите на Говардхан се сини како сафири, на друго зелени како смарагди. Ги има и со црвениот блесок на рубините и со бистрината на кристалот. Секоја боја наоѓа место во лилите на Кришна. Кога Баларама здогледува златести карпи, помислува дека таму е Радха и се оддалечува. Кога таа здогледува кристали, нивната белина ја потсетува на Баларама, па се повлекува и самата. Кришна, пак, постојано се приближува до златните карпи, зашто во нив ја гледа бојата на Својата сакана. А синиот сафир ја привлекува Радха, која во него за миг Го препознава Кришна.
Сениците и пештерите ја чуваат убавината на Неговите сакани. Таму се гледаат нивните ѓердани и траги од црвениот лак на стапалата и од џваканиот бетел. За поетот, најубавиот сафир на Говардхан е самиот Кришна, а Неговите сакани се златото што Го опкружува. Нивните лили се како децата на ридот. Кој би можел да го опее целиот негов сјај? Пауните танцуваат, пчелите и кукавиците пеат, а другите птици го држат тактот. И шумата Му служи на Хари со својата музика.
