Една гопија отиде во Вриндаван под изговор дека ќе набере цвеќиња. На договореното место виде дека Кришна дошол. Потоа се врати дома носејќи ги набраните цвеќиња.
Кога го чу знакот од Кришнината флејта, посака повторно да оди таму. Штом стигна пред вратата, ги пушти цвеќињата да паднат на земја за да има повод да се врати по нови.
Сакхијата ја разбра нејзината намера. „Мила пријателке, зошто тагуваш? Цвеќињата што паднале на земја не можат да се принесат на божеството. Врати се таму по нови цвеќиња. Јас ќе им објаснам на постарите. Нема од што да се плашиш.“
