Карнапура ги опишува гестовите на срамежливата сакана. Кога љубениот ќе ја погледне, таа си ги спушта очите. И кога Тој ќе ја праша повеќепати, таа молчи, а тајно гледа со копнеж во Неговиот насликан лик.
Кога некој друг или папагалите што ги одгледала раскажуваат за Него, таа гледа на една страна, а слуша што се зборува. Во примерот што следи, една гопија слуша со нежност за Кришна, со погледот свртен настрана. Ја прикрива наежената кожа.
Кога другите ја здогледуваат загледана во Неговиот лик на платното, ја обзема срам. Поетот се прашува од каде никнал овој изданок на љубовта кон Кришна, како да израснал без семе.
