Изгрева месечината и Кришна помислува на лицето на Радха. Темнината се повлекува како сината наметка на Неговата најмила. Сите страни на светот како да се насмевнуваат и Го потсетуваат на нејзините сакхии. Месечевата светлина се разлева низ светот и Му го доловува нејзиниот сјај.
Во друга глетка Кришна ѝ се обраќа на цветната лијана васанти во шумата. „Ја виде ли денес овде Радха со убавото лице?“ Ветерот ѝ ги ниша младите листови. „Зошто ми велиш ‘не, не’ со тие разнишани дланки?“
„Таа помина токму по оваа патека. Нејзиниот мирис ги зашемети пчелите. Погледни како летаат на сите страни и не слетуваат на твоите цветови.“
